! ВИСОКА ЗАШТИТА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА ЗА ВАШАТА КОЖА
Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект овозможува висока и сигурна заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Помага во редуцирањето на бројот и на големината на пигментните дамки, а во исто време ја спречува појавата на нови на тој начин што го намалува производството на меланин.
Комплексната формулација на кремот се заснова на употребата на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци и ја штитат кожата од формирање штетни слободни радикали, како и на активни состојки кои со своето дејство придонесуваат во зајакнувањето на природната бариера на кожата и кои се од суштинско значење за нега и заштита на кожата од надворешните влијанија.
! СПФ 50 – висока дневна заштита од сонцето (УВА- и УВБ-зраци) ! Помага во намалувањето на бројот и големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови ! Дерматолошки поднослив и тестиран под надзор на дерматолози.
СОДРЖИ 3 МОЌНИ АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
Niacinamide (Vitamin B3)
Vitamin Е
D-Panthenol (Provitamin B5)
!!! Производот е збогатен со екстракт од алое вера, кој има хидратантно и смирувачко дејство. Се одликува со брза и лесна апсорпција правејќи ја кожата мека, мазна и хидрирана.
Упатство за употреба: се нанесува на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Пред сончање убаво да се нанесе доволна количина од производот.
ИДЕАЛЕН ЗА:
Чувствителна кожа
Кожа склона кон хиперпигментации
За секојдневна употреба под шминка