Македонски | English

ДА СЕ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ СО СОНЦЕТО

СВЕТОЛ ТЕН,
СВЕТЛА КОСА
ЛЕСНО ГОРАТ И
ТЕШКО ПОТЕМНУВААТ
Се започнува со КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ SPF-30, а се продолжува со МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-20 или МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-15
НОРМАЛЕН ТЕН,
КОСТЕНЛИВА КОСА
ПОТЕШКО ГОРАТ И
ПОЛЕСНО ПОТЕМНУВААТ
Се започнува со КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ SPF-30, а се продолжува со МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-15 или МАСЛО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-6
НОРМАЛЕН ТЕН,
КОСТЕНЛИВА КОСА
ПОТЕШКО ГОРАТ И
ПОЛЕСНО ПОТЕМНУВААТ
Во текот на сончањето, доволно е кожата да се третира со МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-15
ТЕМЕН ТЕН,
ТЕМНА КОСА
ТЕШКО ГОРАТ,
ЛЕСНО ТЕМНЕАТ
Препорачуваме апликација на МАСЛО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-6, или МАСЛО ЗА ИНТЕНЗИВНО ПОТЕМНУВАЊЕ SPF-10
ТЕМЕН ТЕН,
ТЕМНА КОСА
ТЕШКО ГОРАТ,
ЛЕСНО ТЕМНЕАТ
Се започнува со МАСЛО ЗА СОНЧАЊЕ SPF-6, а се продолжува со МАСЛО ЗА БРЗО И ИНТЕНЗИВНО ПОТЕМНУВАЊЕ
ДЕТСКА КОЖА ЛЕСНО ГОРИ!!! Постојан третман со КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ SPF-30
АНТИЦЕЛУЛИТЕН
ЕФЕКТ
ПО ПОТРЕБА КРЕМАТА BlackUp ЗА СОНЧАЊЕ СО SPF-15 И АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЕФЕКТ, 2 во 1 по потреба се нанесува на критичните делови од телото, околу колковите и на пределот на нозете над колената

Со првите зраци на сонцето и со топлото време речси и да не постои некој кој не посакува да има убав, здрав и темен тен.

Но, со децении е присутна дилемата дали сончањето е здраво или не?

Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата поради стимулативното дејство врз претворањето на провитаминот Д во витамин Д, за подобрување на симптомите на остеопорозата и за подобрување на расположението.

Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето.

УВА- и УВБ- зраците индиректно влијаат врз добивањето бронзен тен, но воедно се и главните виновници за оштетувањето на кожата и за појава на еритеми, изгореници, темни дамки, предвремено стареење и на канцерогени промени на кожата.

Заштитете се од сонцето и во сенка и дури и кога е облачно.

Дури и кога сте во сенка треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90% од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор.

Препаратите од колекцијата BLACK UP содржат комбинација на УВА- и УВБ- филтри, кои овозможуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно, содржат и додатни компоненти кои го помагаат добивањето на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожта.

СОВЕТ

  • Најпрво се употребуваат препаратите со највисок заштитен фактор, а потоа факторот се намалува.
  • Препаратот за заштита од сонце секогаш се нанесува 30 минути пред изложување на сонце.
  • По сончањето користете BLACK UP млеко по сончање.
  • Почитувајте ги правилата ако сакате убав тен.
×

Контакт

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

Бул. "Александар Македонски" бр. 12, 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон: + 389 2 203 79 29

Име:
Е-маил:
Коментар:
 
×

Козметика

Долгогодишното искуство и традиција од над 70 години се темели за квалитетот на богатата палета производи на Алкалоид - Козметика, почнувајќи од производите за нега на кожа, производите за нега на детска кожа, сапуни, производите за нега на коса, производите за нега на заби, парфемската колекција за мажи, парфемската колекција за жени, како и козметиката за домаќинството. Светот брзо се менува и затоа се потребни нови идеи кои ќе се базираат врз принципите на вредностите, квалитетот и иновациите.

Успехот на Алкалоид - Козметика не се препишува само на неговите иновативни производи, туку и на неговиот мотивиран и стручен менаџерски тим. Менаџерскиот тим на Алкалоид - Козметика континуирано соработува со меѓународни институции и со експерти во правец на развивање нови производи. Извонредните формули користени во нашите козметички производи ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите потрошувачи. Ние ги користиме најсовремените трендови во козметичката технологија и гарантираме за врвниот квалитет на нашите производи.

Состојките кои се составен дел на производите се набавуваат од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската директива за квалитетен козметички производ. Производниот процес се одвива според највисоките стандарди во индустријата GMP(Добра производна практика).

Палетата производи е добро позната и продавана како во Македонија, така и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија. На пазарот постоиме благодарение на оригиналниот квалитет, високата стручност и технологија.

Ние секогаш ќе бидеме успешни кога вие сте задоволни.

×

BLACK UP масло за интензивно потемнување 135 ml

Добивањето бронзен тен е најпосакуваната работа во летниот период. За таа цел се користат различни методи и препарати. Едноставен начин да го добиете посакуваниот бронзен тен е со употребата на маслото за брзо и за интензивно потемнување Black Up.

Овој производ во својот состав содржи масло од орев и ß-каротин, кои овозможуваат кожата да постигне убава бронзена боја. Се препорачува за лица кои имаат природно потемен тен или коишто се веќе исончани.

  • Витаминот Е дејствува антиоксидативно, па ја заштитува кожата од сушење и од предвремено стареење, а воедно овозможува нејзина подобра хидратација.
  • Содржи масло од морков кое е богато со β-каротин, витмини А и Е и со провитамин А.
  • Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
  • Бета-каротинот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.
  • Маслото од орев помага за добивање на бронзениот тен, но, исто така претставува богат извор на есенцијални масла и на протеини кои доплнително ја негуваат и ја штитат кожата, првејќи ја нежна, мека и еластична.

Маслото не содржи УВ-филтри и не заштитува од УВА- и од УВБ-зраците!

Начин на употреба: Маслото се нанесува на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.

Маслото за интензивно потемнување BLACK UP е дерматолошки тестиран и водоотпорен производ.

×

BLACK UP масло за интензивно потемнување СПФ 10, 135 ml

Бронзениот тен е најпосакуваната работа во летниот период, особено за оние со светла кожа. Но, како да се дојде брзо до бронзен тен, а да се избегнат еритемите (црвенилата) и изгорениците? Маслото за интензивно потемнување BLACK UP со СПФ 10 нуди таква можност.

Комбинацијата на УВА- и УВБ-филтрите, маслото од орев и β-каротинот овозможуваат кожата во текот на сончањето побрзо да ја постигне убавата бронзена боја, без појава на изгореници и на црвенило.

Начин на употреба: Маслото се нанесува на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.

Маслото за интензивно потемнување BLACK UP со СПФ 10 е дерматолошки тестиран и водоотпорен производ.

×

BLACK UP масло за сончање СПФ 6, 135 ml

Комбинацијата на УВА-, УВБ-филтри и каротинско масло овозможува висока заштита и нега на кожата во текот на сончањето, а истовремено го смирува црвенилото на кожата.

  • Содржи масло од морков кое е богато со β-каротин, витмини А и Е и со провитамин А.
  • Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
  • Бета-каротинот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.

Начин на употреба: Маслото се нанесува на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.

Маслото за сончање BLACK UP со СПФ 6 е дерматолошки тестиран и водоотпорен производ.

×

BLACK UP млеко за сончање СПФ 15, 135 ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол.

Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето, воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Оваа комбинација на компоненти овозможува создавање лесна хидратна емулзија, која може лесно да се аплицира со помош на пумпичка.

  • Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
  • Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која во летниот период е од исклучителна важност. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
  • Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки), ја подoбруваат еластичноста на кожата, а воедно го надополнуваат заштитниот фактор (СПФ) на производот.
  • Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

  • За потемнување без изгореници.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет за сите типови кожа.
  • Наменет и за бебешка кожа.
  • Не содржи минерални масла, бои и алкохол.
  • Водоотпорно.
×

BLACK UP млеко за сончање СПФ 20, 200 ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол.

Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето, воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

  • Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 20) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
  • Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
  • Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки), ја подoбруваат еластичноста на кожата, а воедно го надополнуваат заштитниот фактор (СПФ) на производот.
  • Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенрирање на кожата, за смирување на иритациите, за подобрена хидратација на кожата, што е особена значајно за време на сончањето.
  • Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

  • За потемнување без изгореници.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет за сите типови кожа.
  • Наменет и за бебешка кожа.
  • Водоотпорно.
×

BLACK UP млеко по сончање, 200 ml

Содржи комбинација на висококавалитетни суровини: витамин Е, бисаболол и алантоин, кои интензивно ја негуваат кожата по сончањето, ја обновуваат и ја враќаат нејзината еластичност.

  • Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
  • Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има антиинфламаторни својства, со што дополнително ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенила.
  • Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење.

Се препорачува и за секојдневна нега на сува и чувствителна кожа.

  • За мека и еластична кожа.
  • Дерматолошки тестиран.
  • За сите типови кожа.
×

BLACK UP крем за сончање СПФ 30, 100 ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер.

Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето, воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

  • Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
  • Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
  • Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки), ја подoбруваат еластичноста на кожата, а воедно го надополнуваат заштитниот фактор (СПФ) на производот.
  • Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
  • Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенрирање на кожата, за смирување на иритациите, за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

  • За потемнување без изгореници.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет за сите типови кожа.
  • Наменет и за бебешка кожа.
×

BLACK UP крем за сончање со антицелулитен ефект СПФ 15, 2 во 1, 100 ml

Кремот за сончање со антицелулитен ефект BLACK UP е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зараци и паралелен антицелулитен ефект.

  • Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
  • Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која во летниот период е од исклучителна важност. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
  • Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.
  • Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
  • Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.

Кремот за сончање со антицелулитен ефект BLACK UP е составен од:

  • Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство, го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.
  • Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.
  • Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.
  • Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).

Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:

  • Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.
  • Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.

Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 20 минути пред изложување на сонце и по секое капење.

Кремот за сончање BLACK UP со СПФ15 и со антицелулитен ефект, 2 во 1, е дерматолошки тестиран производ.

×